Корисни информации за Скопје
-
Градот Скопје www.skopje.gov.mk има околу 900 000 жители и е главен град на Р. Македонија. Автобускиот превоз (Меѓуградски и Меѓународен) како и Железничкиот се наоѓаат на исто место познато како транспортен центар. Аеродромот Александар Велики www.airports.com.mk е на оддалеченост од околу 30км. од центарот на Скопје.
-
Во Скопје има доста менувачници кои работат од 08:00-20:00 часот. И промената на странски валути е без провизија. Едно евро се менува за 61,7 денари. Сличен е курсот и во официјалните банки.
-
Едни од најпознатите ресторани во Скопје се Далметфу, ресторант Пивница како и национален Ресторан Македонка Кука. Скопје има голем број на пекари и сендвичари.
-
Македонската опера и балет www.mob.com.mk се наоѓаат на левата страна од реката Вардар. Најпознато и најдобро кино се Милениум и киното Рамстор во трговскиот центар Ramstore Mall. Градскиот грговски центар кој се наоѓа на кејот на реката Вардар и излегува на самиот плоштад е најголемиот трговски центар во Скопје.
-
Најдобро снабдени Супер маркети се Тинекс и Веро. Зелените пазари нудат најголем број земјоделски производи.
-
Сите услуги во врска со вашето возило можете да ги најдете во една од најдобрите компании за сервис на возила www.novus.com.mk |